Публиката не сакаше да го гледа срамот на Македонија – стадионот се испразни предвреме (Видео)

Свирежи и негодувања за македонските фудбалери, а аплауз за играчите на Австрија од публиката која остана до крај да го догледа мечот на стадионот „Тодор Проески“. Македонија како ретко кога инфериорна во дуелот со Австрија. Гостите доминираа, посебно во целото второ полувреме, кога и дадоа три гола за убедлива победа од 4:1.

Навивачите на стадионот едноставно не сакаа да го гледаат срамот на македонската репрезентација, па илјадници од нив предвреме си заминаа од трибините.

- Оглас -

Најнови вести