Сккандирањата „ИХФ мафија“ со право одекнуваа во Арена Вараждин, македонската публика разбира ракомет и не сака неправди. Не ја победивме ни Унгарија, но тогаш немаше скандирања против Светската ракометна федерација.
Холандија победи откако добија подароци од дански судии Хансен и Мадсен, нешто на што РФМ ќе се жали.
На крај имаше и тензични ситуации, Холанѓаните и нивниот селектор дополнително додаваа масло на оганот, па и бегаа во соблекувална откако кон судиите полетаа неколку предмети.
Односот во досудени седмерци од 12-4 многу говори дали судиите беа неутрални и дали добро си ја завршија работата.