Нено Димитријевиќ имаше одличен настап во поразот на Хувентуд од Барселона во мечот од шпанската лига. Каталонците славеа со 95:80, а македонскиот плејмејкер предизвика овации со неговиот потег на мечот.
При еден контра-напад, Димитријевиќ во соло реализација со магичен потег го зациментира противничкиот играч за паркетот, а публиката во неверување се држеше за глава.
Одигра нешто повеќе од 18 минути, а за тоа време реализира 11 поени, две асистенции и еден скок.
https://twitter.com/Penya1930/status/1208812016523198464