Публиката се врати во Серија А, Парма и Наполи играа пред илјада луѓе (Фото)

Присуството на 1.000 гледачи на трибините на „Енио Тардини“ во Парма е главната вест од дуелот на Парма и Наполи кој попладнево заврши со триумф на гостите од 2-0. Областа Емилија Ромања не се смета за загрозено подрачје, па се дозволи да има редуциран број на публика, но и тоа е подобро отколку да се игра пред целосно празни трибини.

Вечерва со публика ќе се игра и мечот Сасуоло – Калјари.

Навивачите кои ја имаа привилегијата да се најдат на трибините и во живо да го гледаа мечот од италијанската Серија А, беа добро расположени, но после мечот имаа измешани чувства, бидејќи нивната Парма беше поразена.

Мертенс и Инсиње беа стрелци на головите за наполитанците. Нашиот Елмас влезе во игра во 84-та минута при 2-0 и играше десетина минути. Белгиецот Мертенс и во минатата сезона даде гол во првото коло, додека Инсиње со погодок го прослави својот 35-ти настап во дресот на Наполи. Тој е петти играч во историјата на Наполи со толку многу одиграни мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести