Моментот кога Маркос Алонсо му покажува на клупскиот доктор на Челзи каде е навивачот на трибините кој претрпе срцев удар е еден од потезите на вечерта во светот на фудбалот.
Лекарите на Сините веднаш истрчаа кон трибината да му помогнат на навивачот на кој му се слоши. Публиката во Ватфорд со аплауз го награди лекарскиот тим на Челзи. Двата тима уште се во соблекувалните и не се знае кога ќе продолжи мечот.