Реми не им бега на Атлас и Керетаро

Евертон Вина дел Мар – Универзидад де Консепсион (Чиле, 01.30 часот)

Евертон е една од најпознатите и најпопуларни екипи во Чиле, има 4 титули, но моментно е во слаба форма и бие битка за опстанок.

Избраниците на Густаво Дијас се во негативна серија од четири меча без победа, три од нив се порази и имаат едно реми, што ги турна на 13. место во конкуренција на 16 екипи.

Универздидад е основан во 1994 година, а блескаше на почетокот на овој милениум кога успеа да настапи и во Копа Либертадорес и во Копа Судамерикана. Но, тоа е минато, а сегашноста воопшто не им е розова и моментно се последни на табелата во еквадорската Прва Лига.

Во минатото коло го победија Коло Коло што е потстрек за нив да се обидат да ја сопрат серијата од три порази на гостувањата во Вина дел Мар. Евертон е фаворит, но кецот не е сигурен, па ќе комбинираме двознак со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.55)

 

Пуебла – Клуб Леон (Мексико, 02 часот)

Пуебла го нема победено Леон на свој терен од 2015 година и како игра, тешко дека ќе ја сопре серијата на успеси на третопласираниот тим во Мексико.

Леон го има вториот најефикасен напад во домашниот шампионат, а Пуебла ја има најслабата одбрана по 10 одиграни натпревари, што е најава за ефикасен меч.

Гостите се во извонредна форма и имаат низа од 7 меча без пораз. И ноќеска се фаворити и за осмица на легендарниот „Кватемок“ стадион во Пуебла, кој беше домаќин на натпревари на две Светски првенства во фудбал.

Ќе типуваме дека ќе продолжи убавата серија без пораз на Леон со комбинација од три, или повеќе голови.

Предлог тип: Х2&3+ (2.28)

 

Депортиво Куенка – Фуерта Амарилја (Еквадор, 03 часот)

Депортиво е еден од најдобрите клубови во Еквадор во новиот милениум и само еден од двата клуба надвор од Кито и Гвајакил што има титула во домашниот шампионат.

Во последниве дваесеттина години успева да ја разбие доминацијата на двата главни фудбалски центри, а во Куенка се играше и врвен фудбал со учество на Депортиво во Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.

Фуерта е формирана во финишот на минатиот век и најчесто играше во понизок ранг, а во каква форма играат веќе се печени второлигаши. Имаат само шест бода по 26 одиграни натпревари и се убедливо последни на табелата.

И двете екипи го почнаа шампионатот со казна од Федерацијата, а полошо мина Фуерта со минус пет бода, додека Депортиво мораше да стартува со минус еден бод.

Домаќините бијат битка за пробив во топ-8 екипи кои ќе играат за титулата. Заостануваат за четири бода зад осмо и деветопласираните Ел Насионал и Емелек. Ноќеска немаат поинаков избор освен победа и тоа убедлива за да останат во конкуренција за плејофот.

Предлог тип: 1&3+ (1.88)

 

Атлас – Керетаро (Мексико, 04 часот)

Атлас и Керетаро имаат солидно ривалство. Домаќинот е многу попознат во фудбалскиот свет на Мексико. Тоа е еден од ретките состави на планетата што имал среќа со паричка на „петка-глава“ да биде победник во квалификациски дуел за настап во Копа Либертадорес.

Во 2008 година имаа ист број на бодови и гол-разлика со нивните сонародници од Толука, а паричката одлучи Атлас да оди понатаму. Потоа се пишуваше историја. Tимот стаса до четвртфиналето и во митски дуели беше елиминиран од Бока јуниорс. Атлас ги има победено и двата аргентински гиганти и Ривер плејт и Бока јуниорс во двете учества во Лигата на шампионите во Јужна Америка во кои играше четвртфинале.

Во моментов не им оди најдобро во домашното првенство и се во долниот дел од табелата со серија од три меча без победа. Керетаро е исто така во лоша форма и тие не победиле никого на последните три меча, па ова ќе биде дуел за рехабилитација и прекин на негативните серии на двата тима.

Во ваква ситуација целта е да се избегне нов пораз, па можеби најреално е да се типува дека Атлас и Керетаро ќе одиграат нерешено.

Предлог тип: Х (3.20)

 

 

- Оглас -

Најнови вести