Поранешниот капитен на Барселона и миленик на навивачите Карлес Пујол преку „Твитер“ се огласи околу веста за Лионел Меси и неговата одлука да си замине од Барселона ова лето.
Легендарниот Пујол брзо реагираше откако се појавија информациите и, по сите изгледи, неизбежно е заминувањето на Аргентинецот.
Respeto y admiración, Leo. Todo mi apoyo, amigo.
— Carles Puyol (@Carles5puyol) August 25, 2020
„Респект и вохит, Лео. Ja имаш целата моја поддршка, пријателе“, напиша Пујол.
Повеќе од јасно е дека во Барселона се подготвуваат за живот по Меси, а во меѓувреме управата потврди дека Аргентинецот не може да ја искористи клаузулата да го раскине договорот бидејќи рокот е истечен и траел до 10 јуни. Како што стојат работите, Меси може да си замине само ако се активира откупната клаузула од неверојатни 700 милиони евра.