Стеф Кари речиси цела сезона беше надвор од терените поради повредата на дланката, а пред да се прекине НБА-лигата, успеа да направи камбек. Рехабилитацијата траеше неколку месеци, додека потребно му беше доста време да ја поврати формата, меѓутоа според неговите зборови, првата ѕвезда на Вориорс е и повеќе од подготвена да блеска како претходно.
Трикратниот шампион му се приклучи на Џавал Мекги, неговиот поранешен соиграч, кој во живо се стримаше преку „Инстаграм“. Мекги го праша против која екипа или против кој играч смета дека може да постигне 60 поени без проблем, а Кари одговори кратко и јасно: „Против сите екипи“, потврдувајќи дека самодовербата му е на високо ниво.
НБА-лигата е суспендирана од 11 март, а штом ќе има прилика сезоната да продолжи, екипите ќе треба да се чуваат од Стеф Кари и непрепознатливите Воини кои сезонава имаат најлош учинок во целата лига и се последни на табелата на Западот.
https://twitter.com/957thegame/status/1248718422596177922