Пукаа коски на африканското полуфинале, Кујате и Кофи преживеаја страотен дуел (Видео)

Иако нема голови по првото полувреме на првото полуфинале на АФКОН меѓу Сенегал и Буркина Фасо имаше многу возбудувања, шанси и недосудени пенали.

Во 29-тата минута имаше страотен воздушен дуел меѓу голманот на Буркина Фасо, Херве Кофи и Шеику Кујате, а Сенегалците бараа пенал, но не го добија.

За среќа и на двајцата, немаше потешки повреди во страотниот дуел, па и Кофи и Кујате продолжија да играат.

Потоа играчите на Сенегал уште двапати бараа пенал до крајот на првото полувреме, но немаа шанса да поведат со удар од белата точка бидејќи судијата одлучи да не досуди ниту еден пенал.

По првиот дел остана без голови, 0:0, а Сенегал или Буркина Фасо ќе играат за пехарот на Африканскиот куп на нациите против победникот од утрешното полуфинале меѓу Камерун и Египет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести