Арсенал со 3:0 победи на гости кај Фулам во мечот со кој стартуваше новата сезона во англиското првенство. Топчиите беа фаворити пред дуелот, а на теренот беа доминантни и во ниеден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да се спаси од пораз.
Францускиот напаѓач Алекс Лаказет е стрелец на првиот погодок сезонава, а го постигна по само осум минути играч. Со овој гол Лаказет стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој успеал две сезони да биде стрелец на првиот погодок во сезоната. Тој погоди и на стартот на сезоната 2017/18 против Лестер.
LACAZETTE OUVRE LE SCORE ! #FULARS pic.twitter.com/GloZqeI74M
— Feuille de Match VOD X (@FeuilleX) September 12, 2020
На почетокот на второто полувреме Арсенал даде уште два гола и го потврди триумфот. Новото засилување во одбраната, Габриел уште во првиот меч блесна и постигна гол за 2:0, а потоа погоди и Обамејанг.