Кога игра Ајакс, пукаат петарди на сите страни, му нема спас и на Бешикташ

Пукаат петарди на сите страни кога игра Ајакс, тим што е во извонредна форма со три петки на последните шест натпревари и со неверојатни 29 погодоци во тој период, или во просек по пет гола на меч.

Токму со петарда, популарните Копјаници од Амстердам го растурија Спортинг во Лисабон со 5:1 во првото коло и најавуваат ново гол-шоу и против Бешикташ, денеска на свој терен од 18.45 часот.

Ајакс даде 29 гола и прими само еден на последните шест меча, против Камбур во холандското првенство успеа да слави дури со 9:0, што е потврда за одличната форма на најтрофејниот холандски клуб.

„Бешикташ сонува чудо во Амстердам“, најавува турскиот медиум „Хуриет“ со напомена дека на првакот ќе му биде исклучително тешко против тим што немилосрдно ги решета противничките мрежи.

Проблем за Бешикташ е што поради повреди, отсутен е цел тим, а особено ќе недостасуваат напаѓачот Ларин, потоа и Пјаниќ, Гезал, Вида, Топал, Н’Куду, Тешеира, Монтеро…

Главоболки има Серген Јалчин како да состави тим што ќе избегне катастрофа против разиграниот Ајакс.

Особено опасен е Себастиен Халер, играчот што беше МВП на првата рунда со 4 гола против Спортинг во Лисабон. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е вистинска машина за голови и постигна 11 погодоци, со две асистенции на последните 10 меча за Ајакс.

„Ајакс ќе победи сигурно, само прашање е со колку голови разлика“, убедени се новинарите на холандскиот „Voetbal“.

Мечот ќе се игра на „Јохан Кројф арената“, која е распродадена, па Ајакс ќе има огромна поддршка од над 55 илјади гледачи вечерва од 18.45 часот.

Најавени состави:

 

АЈАКС

 

БЕШИКТАШ

 

 

- Оглас -

Најнови вести