Пукаше на сите страни – Мерак лига за голови, вечерва имаа просек од шест на меч

Австриската Втора лига вечерва понуди четири спектакуларни натпревари со вкупно 25 погодоци, или над шест во просек по меч, а имаше и две седмици и еден дуел со 10 голови.

Во првата сеанса од 18.30 часот на два натпревари беа постигнати дури 16 голови, а по една убедлива победа славеа домашен и гостински тим.

Во Виена вториот тим на Австрија го декласира Јуниорс со неверојатен резултат од 8:2. Талентите на познатиот прволигаш уште по првото полувреме најавија вистински фестивал од голови и водеа со 5:1, а во продолжението докрај го декласираа ривалот.

Истовремено на „Франц Фекете“ во Капфенберг, гостите го прегазија домаќинот со 6:0. Австрија Лустенау му оддржа вистинска фудбалска лекција на Капфенберг и го испрати во понизок ранг на натпревари.

И продолжението на денешната програма беше во знакот на головите, а повторно имаше седмица на најинтересниот од четирите натпревари.

Рид го победи Инсбрук со 4:3 во меч со многу голови и пресврти. Гостите двапати водеа со 0:1 и 1:2, но на крајот загубија од лидерот на табелата, кој има 58 бода исто колку и Австрија Клагенфурт, екипа што има одиграно еден меч помалку.

Последниот меч меѓу Форвартс и Лафниц најави нова голеада, на полувреме беше 1:2, но во второто полувреме немаше ниту еден погодок со што за малку беше промашен просек од 7 гола на меч на четирите ултраефикасни петоччки дуели во Втората австриска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести