Пуки даде гол на несакајќи (ВИДЕО)

Темо Пуки постигна гол на „несакајќи“ на меќот меѓу Финска и Украина во ракмите на квалификациите за СП во Катар.

Напаѓачот на англиски Норич ни самиот не знае како заврши топката во голот на противникот, откако еден од дефанзивците се обиде да ја избие истата, а таа од ногата на Пуки, заврши во мрежата на Андре Пјатов.

Сето тоа се случуваше во 29. минута, по што Финците израмнија на 1:1. Сепак, само неколку моменти подоцна, гостите дојдоа до нова предност благодарение на Јаремчук и освоија важни три бода во борбата за второто место во групата Д.

- Оглас -

Најнови вести