Тему Пуки беше најдобар кога на Финска ѝ беше најпотребно и со два прекрасни гола со лоб удари беше главен актер во победата на својата репрезентација од 3:0, со што се трасира патот кон Европското првенство во 2020 година.
Првиот гол беше дело на Фредрик Јенсен, играчот на Аугсбург во 31-вата минута, што ѝ го олесни патот на Финска до многу важна победа. Пуки беше прецизен во 61-вата и во 88-мата минута, а Ерменија сега речиси и да нема шанси за настап на континенталниот шампионат.
https://www.youtube.com/watch?v=jBiShvGADLA
Тешко ќе ѝ биде и на Босна и Херцеговина бидејќи заостанува зад Финците за пет бода, но има и меч помалку.
Моментно Италија е прва во групата Ј со 21 бод и сигурен настап на првенството следната година, а Финска има 15, но и меч повеќе од БиХ.
Ерменците имаат еднаков број бодови како и „Босанците“, но со меч повеќе и минимални шанси за пласман на ЕП.
Тие три селекции ќе се борат за втората позиција, која гарантира место во кремот на европскиот фудбал на ниво на репрезентации.