18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Пукна и втората бомба во Англија – По Челзи загуби и Ливерпул, Самервил го нокаутира фаворитот (Видео)

Втората сензација во Премиер лигата се случи вечерва на „Енфилд Роуд“, а Ливерпул како домаќин загуби од Лидс со 1:2.

Претходно денеска од 16 часот настрада и Челзи со дебакл кај Брајтон од 4:1.

Мечот на „Енфилд“ беше возбудлив на почетокот и на крајот, а Крисенсио Самервил со гол во 89. минута го нокаутира Ливерпул.

Претходно во рок од само девет минути во ранаta фаза од мечот паднаа два гола.

Прв погоди Родриго за Лидс во четвртата минута кога искористи голем кикс на Гомес и го искористи подарокот на празна мрежа за 0:1.

Во 13. минута се истакна Мохамед Салах со гол за 1:1, но Ливерпул доживеа сензационален пораз од Лидс.

Во истиот термин од 20.45 часот во Италија, Интер ја победи Сампдорија со 3:0.

- Оглас -

Најнови вести