Лос Анџелес лејкерс во своите редови го доведе центарот Деандре Ејтон, играч кој беше прв пик на драфтот во 2018 година. Ејтон во Лејкерс доаѓа од тимот на Портланд каде ги помина последните две сезони.
Се работи за одличен центар, кој се очекува да биде во стартниот тим на Лејкерс. Ејтон во кариерата има просек од 16,4 поени и 10,5 скока по меч, со шут од 59 отсто од игра. Според многумина, токму еден квалитетен центар е тоа што му недостасуваше на Лејкерс во тимот, па сега заедно со Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Езерците ќе може да се надеват дури и за борба за титулата во новата сезона.
Сепак, не е се така сјајно во тимот на Лејкерс. Некои инсајдерски информации велат дека Леброн Џејмс и Лука Дончиќ не се во најдобри односи.
„Леброн не сака да игра со Лука. И Ревс не сака да игра со Лука, едноставно не сака да добива топки на две секунди пред истекот на нападот. Лејкерс сега полека ќе се фокусираат на градење на играта а основа ќе биде Дончиќ, а не Џејмс. Тоа знали дека ова сега ќе биде екипа на Лука“, вели НБА инсајдерот Џон Гамбадоро.
Сепак, треба да се потенцира дека Леброн и Лука во минатата сезона додека играа, немаа никакви несогласувања на теренот, па останува да се види како ќе изгледа тимот на Лејкерс во новата сезона.