Атмосферата во Ливерпул во финишот од сезоната е се полоша, а навивачите можеа во живо на мечот против Вест хем да видат дека и односите меѓу првата ѕвезда Мохамед Салах и менаџерот Јирген Клоп се влошени.
Иако Ливерпул до мечот со Вест хем имаше шанси за титулата во Премиер лигата, Клоп се одлучи да го остави Салах на клупата за резервни играчи со што ги изненади и фудбалерот, но и навивачите на Црвените.
Откако Ливерпул во 77-та минута прими гол за 2:2, Клоп фрли се на нападот и во игра ги внесе Салах, Џо Гомез и Дарвин Нуњес. Но, при влегувањето во игра, Салах влезе во вербален дуел со Клоп, па мораше Нуњес да го смирува Египќанецот.
Klopp and Salah arguing with each other BEFORE he was subbed on..
Liverpool are really falling apart. pic.twitter.com/sXYpahEadx
— Not Match of the Day (@NOT_MOTD) April 27, 2024