Пукна тиквата во Манчестер јунајтед, Роналдо мисли дека е поголем од клубот

Легенди на Манчестер јунајтед и аналитичари на ББЦ, го критикуваа Кристијано Роналдо, за негово однесување за време на синоќешниот меч против Брентфорд, кога многу се налути откако беше повлечен од игра.

Тренерот Ралф Рангник објасни зошто го извадил Португалецот во 71-ва минута.

„Кристијано, ти имаш 36 години. Тренерите и играчите различно гледаат на некои работи“ – му порачал Германецот на Роналдо.

„Го извадив од игра за доброто на тимот. Тој имаше повреда до неодамна и сакав да го поштедам, особено во ваква ситуација кога го немаме Кавани“ – вели Рангник, кој измената ја направи во 71-ва минута при 2-0, со цел да ја засили одбраната, и да не им се случи како со Астон Вила кога во финишот примија два гола.

Рио Фердинанд и Енди Таунзенд кои работат како аналитичари, рекоа дека не го разбираат гневот на Роналдо и оти тој непотребно прави шоу. Според нив и други аналитичари, поважно е тимот да победи отколку Роналдо да даде гол, но изгледа Португалецот мисли поинаку, тој веројатно мисли дека е поголем и од Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести