Пулените на Милевски убедливо поразени во Терме Чатеж

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година предводена од селекторот Боби Милевски претрпе тежок пораз на пријателскиот дуел против Словенија У21 со 3-0 кој се одигра во Терме Чатеж.

Ова беше последна подготовка за нашите млади фудбалери пред обврските во евроквалификациите против Романија и Грузија, кои се предвидени за септември.

Победата за домаќините беше најавена уште во првите десетина минути со головите на Матко и Прелец, а пред паузата, Светлин ги постави конечните 3-0. За составот на Милевски од овој пораз немаше враќање откако остана со играч помалку на теренот во завршните 15 минути.

- Оглас -

Најнови вести