10.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Пулишиќ и Мењан се хероите на Милан во градското дерби (Видео)

Милан го победи Интер со 0-1 во градската пресметка на Милано и се искачи на втората позиција на табелата во Серија А со 25 бода, два помалку од лидерот Рома. Росонерите беа „гости“ на ова дерби, но стигнаа до голема победа и потврдија дека оваа сезона имаат големи амбиции во италијанскиот шампион.

За Масимилијано Алегри ова беше јубилејна стота победа на клупата на Милан.

Кристијан Пулишиќ во 54-та минута го доведе Милан во водство, а можеби уште поважна беше одбраната на Мајк Мењан. Тој во 74-та минута успеа да го одбрани ударот од белата точка на Хакан Чалханоглу.

Интер имаше уште неколку шанси, преку Лаутаро Мартинез и Маркус Турам, но Мајк Мењан беше несовладлив.

- Оглас -

Најнови вести