Пулишиќ стигна на лекарски прегледи во Милано, следува потпис за Милан!

Кристијан Пулишиќ во моментов е на лекарски прегледи во Милано и попладнево треба да стави потпис на договор со Милан, а утре ќе биде претставен и ќе почне со тренинзи.

Американецот кој доаѓа од Челзи, ќе потпише четиригодишен договор со Росонерите. Милан на Сините од Лондон ќе им плати околу 20 милиони евра, плус бонуси.

„Милан е клуб со богата историја, легендарен клуб. Ќе се обидеме заедно да освоиме титули. Благодарам за поддршката, навистина сум среќен што сум тука“, рече кратко фудбалерот со хрватско потекло, кој во Милан ќе носи дрес со број 11 или 22.

Пулишиќ е четвртата принова за Милан летово, по Спортиело, Лофтус Чик и Ромеро.

- Оглас -

Најнови вести