2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Пулишиќ во врска со една од најпопуларните актерки на денешницата?

Во италијанските медиуми се појави „бомба“ поврзана со американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ од Милан, но не за некаков бомбастичен трансфер, туку дека наводно „се мува“ со една од најпопуларните актерки, Сидни Свини.

Нема потврда за оваа вест, но гласините веќе кружат нашироко на социјалните мрежи и мислењата се поделени околу тоа дали е вистина или не.

Пулишиќ кој има хрватско потекло, има одлична сезона во Милан и е најдобар играч во тимот, а последната љубовна врска му беше со голферката Алекса Мелтон. Од друга страна, Сидни Свини ја прекина врската со Џонатан Давин, а потоа беше поврзана со бизнисменот Скутер Браун.

- Оглас -

Најнови вести