Пушкаш, Хаџи и Коман ја носат Романија кон полуфинале на младинското ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Романија речиси сигурно ќе игра во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако во феноменален меч ја совлада Англија со 4-2.

Романците и Англичаните во првите 76 минути не успеаја да си дадат гол, а потоа следуваше неверојатен период во кој паднаа дури шест погодоци. Романија поведе со голот на Пушкаш од пенал, па Англија брзо изедначи, но Хаџи експресно ги врати Романците во предност. „Гордиот Албион“ имаше сила да израмни на 2-2, а потоа на сцена стапи Коман кој даде голови во 89 и 93 минута за конечни 4-2.

По две кола, Романија има шест бода, што веројатно е доволно за место меѓу четирите најдобри во Европа, а им остана уште да се сретнат со Франција која од 21 часот игра со Хрватска.

Клучен гол беше оној на Флоринел Коман за 3-2, кога англискиот голман Хендерсон направи огромна грешка:

 

- Оглас -

Најнови вести