32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Пуштен во употреба новиот затворен базен во Штип

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денеска го пуштија во употреба новиот базен од затворен тип, еден од базените кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт уште пред пет години и беа оставени недовршени, објавија од Министерството.

Изградбата на базенот во Штип е инвестиција од 46.735.815 денари со ДДВ. Во рамките на овој инфраструктурен проект на Министерството за спорт, на крајот на јули годинава во употреба беше пуштен базенот во Кисела Вода, денеска во функција е ставен и базенот во Штип, а во наредниот период треба да бидат завршени и базените во Кичево, Битола, Ѓорче Петров, Карпош како и во Кавадарци“, стои во соопштението.

Министерот Ристовски истакна дека како Министерство за спорт настојуваат да го исполнат секое ветување и да стојат зад дадениот збор и изрази надеж дека во иднина ќе имаме уште многу вакви проекти.

Премиерот Мицкоски ги пофали Министерството за спорт и Општина Штип што го реализирале овој проект кој стоел заглавен и 4-5 години тапкал во место, и најави дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот.

- Оглас -

Најнови вести