Пуштени во продажба билетите за Вардар – Ла Фиорита, најефтините чинат само 100 денари

Преку мрежата на МкТикетс, започна продажбата на билети за натпреварот од квалификациите за Конференциската лига помеѓу Вардар и Ла Фиорита од Сан Марино.

Цените на билетите се движат од 100 до 300 денари, а ТУКА може онлајн да купите билет и да ги одберете седиште.

Одлучено е за овој меч да бидат пуштени само јужната и западната трибина, додека пак, на северната ќе бидат официјалните лица, ВИП гостите, новинарите, и други гости на ФК Вардар.

Натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 10-ти јули со почеток во 20.30 часот. Реваншот е една недела подоцна.

- Оглас -

Најнови вести