Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин, односно Александар Лукашенко беа соиграчи во хокејски тим на еден ревијален натпревар во Санкт Петербург. Нивната екипа победи со 18-7. Путин даде 7, а Лукашенко два гола.
На мечот играа и легендите Фетисов, Федоров, Ковалчук, Каменски…