Рабио е незадоволен со статусот во Јувентус

Адриен Рабио во текот на летниот преоден рок се пресели во редовите на Јувентус како слободен играч напуштајќи го матичниот клуб ПСЖ. Ангажманот без отштета му овозможи на Французинот да си обезбеди висока плата од 9 милиони евра годишно плус бонуси, по што е логично да биде меѓу првите 11 на Старата дама.

Сепак, италијанскиот првак досега одигра вкупно пет меча, од кои четири се во Серија А, а Рабио запиша само 27 минути влегувајќи како замена во премиерното коло против Парма. Останатите четири дуели ги преседе на клупата, меѓу кои и дербито против Наполи, како и гостувањето кај Атлетико во ЛШ, по што Рабио изрази незадоволство околу својот статус.

Сари засега ротира со петмина играчи за врска, во прв план се Пјаниќ, Матуиди, Хедира и Бентанкур, како и Ремзи, кој дебитираше минатиот викенд, додека и Емре Џан е во слична ситуација како и Рабио. Вечерва Јуве гостува кај Бреша, мечот од петтото коло започнува во 21 часот, на кој ќе се види дали Рабио конечно ќе добие шанса да стартува од првата минута или, пак, повторно ќе ја грее клупата.

Инаку Сари за овој меч не ќе може да смета на Кристијано Роналдо поради повреда на препоните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести