Рабио ја напушта Серија А, мајка му договара сензационален трансфер во Бундеслигата

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио налето би можело да го напушти Јувентус и да се пресели во Бундеслигата, и тоа во редовите на тимот кој моментно поминува низ голема резултатска криза, Баерн Минхен.

Договорот на Рабио со Јувентус истекува на крајот од сезоната и засега сè уште не се почнати преговори за нов договор и тоа сака да го искористи германскиот тим. Баварците веќе стапиле во контакт со мајката на Рабио, Вероника, која му е агент.

Вероника е позната како тежок преговарач и поради неа на Адриен му пропаднаа неколку големи трансфери, како тој во Манчестер јунајед.

Рабио го носи дресот на Јувентус од 2019 годна и досега одигра 199 натпревари, на кои постигна 21 гол и имаше 15 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести