Играчот на Пари Сен Жермен, Адриен Рабио, во следните неколку дена треба да го комплетира трансферот во Јувентус. Според најавите, Рабио ги има договорено условите со најтрофејниот италијански клуб и само се чека да му истече договорот со францускиот првак за да може да се пресели во Торино.
Рабио е надвор од терените уште од декември, кога ПСЖ реши да го „замрзне“ откако играчот одби да го продолжи договорот. Французинот ги издржа тие шест месеци без фудбал, но на крајот од јуни му завршува договорот со „светците“ и ќе си замине од Париз како слободен играч.
За трансферот во Јувентус, играчот за врска ќе добива по 7,5 милиони евра годишна плата во следните пет сезони. Освен овие пари, Старата дама ќе мора да плати бонус од 10 милиони евра на мајката на Рабио, Вероник, која е негов менаџер.
Едноставно, чекањето од шест месеци без фудбал, дефинитивно му се исплати на семејството Рабио бидејќи доколку решеше да го продолжи договорот со ПСЖ, бонусот од 10 милиони евра кој сега ќе го даде Јувентус, едноставно немаше да постои.