Рабио поради мајка му ќе скапува уште една сезона во Јувентус

Мајката и агент на Адриен Рабио, Вероника, му попречи на синот да го реализира трансферот во Манчестер јунајтед поради нереалните барања околу платата.

Црвените ѓаволи и дефинитивно ја повлекоа намерата да го ангажираат францускиот играч за врска. Имено, Вероника се обидела да изнуди 10 милиони евра годишна плата за Рабио, како и 10 милиони евра бонус при потпис на договорот, суми кои Јунајтед не планира да ги плати.

Се чини дека Рабио ќе скапува на клупата на Јувентус во претстојната сезона бидејќи никој не сака да ја покрие, ниту да даде повеќе од 7 милиони евра, колку што заработува на годишно ниво во Торино. Новиот план е да се чека јануари за да се осигури трансфер како слободен играч, додека Манчестер има уште околу две недели да доведе нов играч за врска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести