Светот е во исчекување дали Лионел Меси конечно за првпат ќе стане светски шампион со Аргентина, или Килијан Мбапе задутре полни 24 години, ќе има две мундијалски титули и во иднина ќе може да го стигне, па и надмине Пеле, кој засега е единствен со три светски титули.
За Меси ова е последна шанса да освои Светско првенство, попладнево го игра својот последен меч на Мундијалите. Тој и Мбапе сега се клупски колеги и ретки се приликите кога може да играат еден против друг, а историјата на нивните дуели го фаворизира младиот Французин.
Мбапе го победи Меси во осминафиналето на СП 2018 со 4-3, истото се случи и на „Камп ноу“ кога ПСЖ ја разби Барселона со 4-1, а во Париз, одиграа нерешено 1-1. Ако Меси денеска триумфира, ќе ги покрие сите претходни порази од тимскиот колега со кој не се во многу блиски лични односи.