Марко Пашалиќ за само неколку години, од градежен работник, преку играње во германски Б тимови и до првиот тим на Борусија Дортмунд, дојде до повик во хрватскиот (засега) младински национален тим, и тоа без да заигра во Бундеслигата.
Ваква е лудата приказна на младиот Пашалиќ, кој е член на Б тимот на Борусија, а за првиот тим заигра во Суперкупот на Германија против Баерн во август 2021 година.
Пашалиќ е роден во Германија, имаше опција да игра и за таа земја, но вели дека срцето му чука за Хрватска и чекал повик од Хрватска, па кога доби покана од Игор Бишчан да игра за младата репрезентација на Хрватска, беше пресреќен.
„Сум бил на стадион како навивач на Хрватска. Германија пред неколку години ме сакаше во нивната млада репрезентација, но веднаш одбив, срцето ми чука за Хрватска“, вели 22-годишниот Пашалиќ, кој не бил многу по учењето, па како средношколец две години работел во фирмата на брат му.
„Работев тоа што другите не сакаа да го работат. Носев бетон, смет, варосував…“, објаснува што работел напаѓачот на Борусија Б, која игра во третата германска лига.