1.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Работеше како ноќен портир, даде отказ и стана сензација на СП во пикадо

Британскиот пикадо играч Џастин Худ продолжи со неверојатната новогодишна приказна на Светското првенство кое се игра во лондонскиот хотел „Александар Палас“. Само пред неколку месеци Худ реши да даде отказ на своето работно место како ноќен портир во еден хотел и целата своја животна заштеда да ја вложи во обид да направи професионална пикадо кариера.

Ход досега немал некој забележителен настап на голем турнир, но сега блеска на Светското првенство и веќе се пласира во четвртфиналето откако со убедливи 4:0 го победи фаворизираниот Џош Рок од Северна Ирска. Худ на овој тирнир е како 86-ти на светската ранг листа, а Рок беше на 11-тото место, но тоа не значеше многу на мечот во којшто победи многу послаборангираниот пикадо играч.

Со овој пласман во четвртфиналето Худ сигурно ќе заработи 64.000 евра.

Худ од почетокот на 2024 година започна да работи како ноќен портир, но неодамна реши да направи целосен пресврт во својот живот. Даде отказ и се пресели во Милтон Кејнс, каде што се пријави на квалификациски турнир за професионалци. Оваа ризична одлука се покажала како вистинска за Худ.

Доколку успее да направи ново чудо и да го помине четвртфиналето, Худ ќе заработи дополнителни 40.000 евра. Останува да видиме во иднина дали Худ ќе се претвори во пикадо сензација или ова ќе биде еден краткотраен блесок.

Како и да биде, ова е една убава новогодишна спортска бајка.

 

- Оглас -

Најнови вести