Победата на Реал Мадрид за 2-2 против Партизан ги врати квотите за нов европски првак во кошарка речиси на исто како пред стартот на плејофот во Евролигата.
Пред да почне четвртфиналната фаза, главни четири кандидати за трофејот беа Барселона, Олимпијакос, Реал и Монако. Така е и сега. Доколку сакате денеска да се обложите кој ќе ја освои Евролигата, најмала е квотата на Барса, а потоа следуваат Олимпијакос, Реал и Монако.
Барселона веќе е учесник на фајналфорот и во полуфиналето треба да игра со Реал или Партизан. По двете победи на Црно-белите во Мадрид, Партизан беше голем фаворит за место на Ф4 турнирот во Каунас, но сега при 2-2 и мајсторка која треба да се игра во Мадрид, поголеми шанси му се даваат на десеткратниот европски првак.
Олимпијакос вечерва во Истанбул има прва меч-топка за пласман на фајналфорот, а мајсторка во салата на Монако ќе решава дали на завршниот турнир ќе одат Кнезовите или Макаби Тел Авив.