3.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Работите си дојдоа на место, Новак од утре повторно е тенисер број 1

Новак Ѓоковиќ денеска испиша нови страници во тениската историја откако со победата над Стефанос Циципас по десетти пат триумфира на Отвореното првенство на Австралија и се израмни со Рафаел Надал на врвот на вечната листа со 22 гренд слем титули.

Со победата во Мелбурн, работите се вратија „на старо“ и што се однесува до АТП ранг-листата бидејќи од утре, Новак повторно ќе биде најдобар тенисер на светот и ќе ја започне 374-та недела на врвот.

Пред финалето се знаеше дека дека победникот, од утре ќе биде лидер на АТП листата. Втор ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз, а трет Циципас.

И во топ 10 ќе има доста промени, па така од утре, од четвртата до десеттата позиција ќе бидат Каспер Руд, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Феликс Оже-Алиасим, Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.

Минатогодинешниот финалист Данил Медведев ќе падне на 12-то место.

- Оглас -

Најнови вести