Работнички по брза постапка го откажа Куманово

Без никакво изненадување, ниту неизвесност, Работнички лесно го победи Куманово (104:80) и се пласираше во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија, кој се игра во Гевгелија. Најтрофејниот кошаркарски клуб уште во првата четвртина покажа сила.

Работнички поведе по само две секунди од почеток на мечот, кога реализираше Стајиќ и од тој момент ниту еднаш не ја загуби предноста. По само три и пол минути игра, тимот од „Градски парк“ стигна до двоцифрена предност (16:4), а по првите 10 минути беше 31:16.

Фаворитот во втората четвртина само рутински ја одржуваше предноста, а во третиот квартал, фаворитит не сакаше да остави никаква неизвесност во пресрет на последните 10 минути, па стигна до предност од 77:51, па мечот беше само рутински доигран.

Бојан Крстевски со 24 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а двоцифрени беа и Стајиќ со 20 поени, Костов 16, Јаневски 12 и Ефремовски со 11 поени. Кај Куманово најпрецизен беше Игор Пенов со 17 поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести