МЗТ Скопје ја продолжи серијата победи против вечниот ривал Работнички и вечерва како гостин славеше со 89:83 во меч од 17-тото коло во македонската Суперлига.
Работнички водеше по првото полувреме со 46:45, мечот беше неизвесен до самиот крај.
Третиот период им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје со 27:18, па по три периоди тие имаа предност од 8 поени разлика.
Со серија од 7:0, Работнички намали само на пола кош разлика, но пак се разиграа гостите и стигнаа до предност од 82:74 на малку повеќе од две и пол минути до крајот на мечот.
За драматичен финиш се погрижи новиот ас на Работнички, Дион Едвин, кој постигна 33 поени во дебито за скопјани, а имаше и по 7 скока и асистенции.
Со негова помош домаќините намалија на 80:82, но шампионот во драматична завршница сепак славеше со 89:83.
Дејвис со 21 поен беше прв стрелец во победничката екипа, а одлично одиграа и Војдан Стојановски со 14 поени и Милошевиќ со 13 поени.
Кај Работнички, покрај најефикасниот на мечот, Едвин, забележителна улога имаа и Балмазовиќ со 16 поени, Гејди со 13 и Марковски со 11 поени.