Работнички ангажира тренер со богато искуство

Прволигашот Работнички ја официјализираше соработката со Ратко Достаниќ. Српскиот стратег од денес е на кормилото на Романтичарите и ќе ги води до крајот на оваа сезона, со опција договорот да се продолжи на уште една дополнителна година.

Достаниќ се враќа да работи во Македонија по пауза од 11 години, откако во 2008 година беше на клупата на Вардар. Србинот има огромно тренерско искуство, особено што голем дел од кариерата работел на Балканот, поточно во Србија, Грција и Бугарија, додека се пробал и во Кина и Тунис.

„Работнички е голем клуб, голема чест ми е што добив понуда да го преземам тимот. Ова е голем предизвик за мене и можност повторно да работам во Македонија. Добро сум запознат со квалитетот на составот, апсолутно не соодветствува со актуелниот пласман на табелата и ќе се трудиме тоа брзо да го подобриме. Со напорна работа и добра клупска стратегија верувам дека Работнички брзо ќе се врати на позициите што му припаѓаат“, изјави Достаниќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести