Екипите на Шкендија и Работнички ќе ги одмерат силите во рамките на 11. коло од првата македонска фудбалска лига.
Мечот кој ќе се игра од 14:00 часот под „Шара“, ќе биде еден од петте натпревари од истиот термин со што ќе се комплетира оваа рунда од домашниот фудбал.
Сосема е јасно дека актуелниот првак, Шкендија е фаворит, но, „романтичарите“ веруваат во својот тим и во тоа дека ќе ги освојат трите бода.
А за такво нешто Sport Life нуди неверојатен коефициент од 8.00. Двојната шанса, пак, во корист за нерешено односно победа на Работнички изнесува 2.70, иако воопшто нема да биде лесно да се дојде до тоа.
Шкендија од коло во коло игра се подобро, а од друга страна Работнички се мачи да ја пронајде формата и да се искачи во горниот дел од табелата.
Доста интересни ќе бидат и преостанатите четири натпревари бидејќи речиси и да нема изразити фаворит.
Академија Пандев гостува кај Борец, а голема борба се очекува меѓу Пелистер и Брегалница, каде што на Битолчани им се прекупотребни бодови за да излезат од опасниот дел на прволигашката табела.