19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Работнички без „испукан куршум“ елиминиран од Торпедо Белаз (Фото)

Не се остварија оптимистичките најави дека Работнички може да направи чудо против белоруски Торпедо Белаз, тимот од Жодино победи и на реваншот во Скопје со 1-0, па со вкупни 4-0 оди во следното коло од квалификациите во Конференциската лига.

Голот за победа на Торпедо падна во 14-тата минута. Стевен Алфред ја искористи лошата реакција во одбраната на Работнички и со удар со глава по корнерот од левата страна постигна гол. По ова паднаа во вода сите надежи дека Работнички може да стори нешто во овој двомеч, со оглед дека и првиот дуел го загуби со 0-3.

Работнички во вториот дел се обидуваше да постигне барем еден почесен гол, но не успеа, па сега по елиминацијата од Европа може да се фокусира на подготовките за новата сезона во домашната Прва лига.

- Оглас -

Најнови вести