Кошаркарите на Работнички го доживеаја и третиот пораз во АБА 2 лигата, откако загубија од Босна со убедливи 74-99. Македонскиот тим е последнопласиран со три порази во групата Б од оваа конкуренција.
Босна уште на почетокот покажа дека е поквалитетен ривал и го доби првиот период со 16-25, а на полувреме веќе имаше двоцифрена предност (32-54).
Третата чевртина исто така убедливо ја доби Босна со 19-27, а единствено последниот период, кога победникот беше решен, му припадна на Работнички.
Имран Полутак беше единствениот поентерски расположен во тимот на Работнички и постигна 27 поени, а Андреј Шошкиќ уфрли 13.
Кај Босна, дури шестмина кошаркари имаат двоцифрен поентерски ефект, а најмногу кошеви постигна Петар Ковачевиќ (19).