11.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Работнички доведе млад шведски напаѓач што ја минал академијата на Феенорд

Младиот напаѓач Џејсон Езеб (19) е ново засилување за навалната линија на македонскиот прволигаш Работнички, објави клубот од Дебар Маало. Тој доаѓа на позајмица од холандскиот клуб Дордрехт и има шведско државјанство. 

Џејсон Езеб ги минал младинските академии на шведскиот Хамарби и на холандскиот Феенорд, по што заминал во Дордрехт.

Езеб веднаш им се приклучи на тренинзите на тимот на Работнички, во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести