16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Работнички доведе стопер од БиХ за европскиот предизвик

Македонскиот прволигаш Работнички продолжува активно да се засилува во пресрет на настапите на европската сцена. Најново име во редовите на клубот од Дебар Маало е босанскиот интернационалец Амир Велиќ (26), кој настапува на позицијата централен дефанзивец.

Велиќ потпиша договор на две години и се приклучува на екипата на тренерот Бојан Маркоски, кој ова лето значително ја реконструира одбраната.

Во својата досегашна кариера, Амир Велиќ настапуваше за босанските клубови Игман Коњиц, Горажде, Орашје и други, стекнувајќи искуство во Првата лига на БиХ.

Работнички во првото квалификациско коло од Конференциската лига ќе се сретне со белорускиот тим Торпедо-Белаз.

- Оглас -

Најнови вести