Работнички го одработи првиот летен трансфер. Тимот од Дебар Маало се засили со еден од најперспективните млади голмани во македонскиот фудбал, Васко Василев, член на репрезентацијата до 21 година.
Василев минатата сезона бранеше за Гостивар, а претходно помина низ неколку реномирани школи и клубови – Вардар, белградските Црвена ѕвезда и Рад, како и португалскиот клуб Беира Мар.
Младиот чувар на мрежата потпиша договор на три години со Романтичарите и се очекува да ја добие улогата на прв голман откако на Игор Алексовски му заврши договорот со клубот.