Кошаркарите на Работнички го совладаа ТФТ со 75-68 во четвртфиналето од Купот на Македонија, кој се одржува во Битола. Тоа значи дека во полуфиналето ќе се игра вечното дерби МЗТ Скопје – Работнички и само за една од овие две екипи ќе има место во големото финале.
Со исклучок на првата четвртина, кошаркарите на Работнички одиграа одличен натпревар и сосема заслужено дојдоа до победата. ТФТ беше на ниво само во вториот дел од првата четвртина која ја доби со убедливи девет поени разлика.
Рикиќ од Работнички со 23 поени беше убедливо најефикасен на мечот.