22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Работнички го посакува Азер Омерагиќ како засилување за европските предизвици

Македонскиот прволигаш Работнички има сериозен интерес за ангажман на напаѓачот на Вардар, Азер Омерагиќ, како дел од подготовките за настап на европската сцена ова лето, по пауза од седум години.

Романтичарите активно работат на засилување на нападот, а раководството на клубот верува дека Омерагиќ би бил идеално решение за централната напаѓачка позиција, со оглед на неговиот квалитет. Во офанзивната линија на тимот веќе се наоѓаат и младинските репрезентативци Димитар Данев и Никола Манојлов, како и брзиот крилен фудбалер Кристоџеј Далеј.

Сепак, трансферот нема да биде лесно да се реализира, бидејќи Омерагиќ е еден од капитените на Вардар, а Црвено-црните исто така ќе играат во квалификациите за Конференциската лига, откако го освоија Купот на Македонија.

Работнички веќе ги продолжи договорите со Бесир Демири и Ермедин Адем, а клубот најавува и нови имиња во тимот во следните денови, со цел да се состави конкурентна екипа за настапите на меѓународната сцена.

- Оглас -

Најнови вести