Работнички го продаде Мазари во Вараждин, но веднаш го доведе Рушевиќ како негова замена

Работнички имаше одлична полусезона во Првата македонска фудбалска лига и првиот дел од првенството го заврши со 37 бода, колку што имаат и Силекс и Шкендија, на вравот од табелата. „Романтичарите“ веќе ги започнаа подготовките за новата сезона, а денес се наоѓаат на подготовки во Медулин, Хрватска.

Еден од најдобрите фудбалери во есенскиот дел од сезоната, Адхе Мазари, веќе направи трансфер и го замени Работнички со хрватски Вараждин, во трансфер вреден 50.000 евра, но и процент од евентуално следната продажба.

Сепак, раководството на Работнички веднаш реагираше и на негово место го ангажираше Анес Рушевиќ, кој после три години се враќа во дресот на „романтичарите“, откако во меѓувреме настапуваше и за Жетису, Оцелул и Зрињски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести