Работнички го разби Феникс, со огромна камата му врати за поразот во декември

На 2-ри декември, Феникс 2010 како гостин го совлада Работнички во СРЦ „Кале“ со осум поени разлика, а речиси четири месеци подоцна, вечерва во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, Работнички беше подобар со убедливи 98-69.

Работнички е во голема победничка серија во првенството, не знае за пораз уште од тој меч со Феникс, па регуларната сезона во првата лига ќе ја заврши на прва или втора позиција.

Младиот плејмејкер Андреј Шошкиќ со 19 поени беше прв стрелец на натпреварот, а сите петмина стартери кај Работнички имаа двоцифрен број на поени.

- Оглас -

Најнови вести