Работнички го возврати ударот, битолчани не водеа ниту еднаш

После дебаклот на првиот меч, Работнички вечерва го победи Пелистер со 75-69, и со резултат 1-1 се оди на следниот меч во Битола во ова полуфинале од кошаркарското првенство на Македонија.

Битолчани кои првиот дуел во СРЦ „Кале“ го добија со убедливи 86-63, денеска налетаа на помотивиран противник и не водеа ниту еднаш. Пелистерци погодија само 6 тројки од 30 обиди, а беа и натскокани.

Високиот центар Роберт Рикиќ со 22 поени и 14 скока беше најдобар кај Работнички. Освен него, 10 или повеќе поени имаа и Стајиќ, Трајс и Декоузи. Кај Пелистер, само Јуре Планиниќ кој даде 23 поени, беше со двоцифрен број поени.

- Оглас -

Најнови вести