Работнички го „врза“ младинскиот репрезентативец Теодор Николовски до 2028 година

Македонскиот прволигаш Работнички продолжува со трансферни активности. Раководството на клубот размислува за иднината, задржувајќи ги најдобрите млади фудбалери за подолг период.

Нов договор со Работнички денеска потпиша младинскиот репрезентативец Теодор Николовски. Тој се сложи на продолжување на соработката до 2028 година, потврди клубот од Дебар Маало.

Романтичарите се подготвуваат за квалификациите во Конференциската лига, а нивен прв ривал ќе биде белорускиот клуб Торпедо-Белаз.

- Оглас -

Најнови вести